
Натпреварот ќе се одржи во две етапи:
Етапа 1: On-line тест
Првата етапа ќе биде on-line тест кој ќе содржи 50 прашања, а натпреварувачите ќе може да го решава тестот од своето матично училиште, од дома или од било кое друго место каде што ќе имаат пристап на интернет. По завршувањето на оваа етапа, најдобрите 800 натпреварувачи ќе се квалификуваат за втората етапа.
Етапа 2: Компјутерски базиран тест под надзор на тест администратор
Втората етапа ќе биде компјутерски базиран тест од исто така 50 прашања. Тестот ќе се изведе со користење електронски систем за тестирање на знаење во просториите на Академијата на ИТ Александрија и Семос Едукација во Скопје под надзор на тест администратори.
Општи информации за натпреварот
- Тестовите во обете етапи ќе бидат на англиски јазик а ќе содржат прашања од материјалот кој се изучува по предметот информатика како и од областите: хардвер, интернет, програмирање, веб дизајн и графика.
- Натпреварувачите во рок од 80 минути треба да одговорат на 50 прашања со бирање на еден од неколку понудени одговори.
- Победник е кандидатот кој ќе освои најмногу бодови. Во случај два или повеќе кандидати да имаат ист број бодови а се во конкуренција за освојување награда, истите се покануваат на трет круг тестирање кој ќе се одржи на 18 април 2008 год.
- Резултатите од сите етапи ќе бидат објавувани на оваа веб страната.
- Прогласување на најдобрите натпреварувачи и доделувањето на наградите ќе се изведе во рамки на манифестацијата Образовно рандеву на 18 април 2008 год. во МНТ во попладневните часови.
Пријавување
Пријавувањето на натпреварот ќе се врши on-line со тоа што за учество е неопходно натпреварувачот да поседува е-клуч за пријавување кој може да го добие од училишниот координатор во неговото училиште. По пријавувањето секој натпреварувач ќе добие свое корисничко име и лозинка кои ги користи за учество во првата етапа од натпреварот.
Идентификација
На денот на натпреварот секој натпреварувач задолжително треба да донесе некаква форма на идентификација со слика: лична карта, пасош, здравствена легитимација, ученичка книшка, возачка дозвола. Со себе треба да се донесете и отпечатениот mail со потврда на пријава (бројот на пријавата исто така е битен за ваша идентификација) како и потпишан документ Согласност за почитување на правилата на натпреварот.
На денот на натпреварот
...пристигнете на време. Со оглед на тоа што натпреварот може да започне само во точно определениот термин (ниту подоцна, ниту порано), натпреварувачот треба да пристигне во однапред одредениот тест центар (Александрија или Семос едукација) најмалу 15 минути порано. Задоцнувањето на натпреварот го одзема правото на учество.
За време на натпреварот
Во просторијата каде што се одвива натпреварот најстрого е забрането влегување со јакна или капут, торба, книга, мобилен телефон, листови, пенкало и сл. Сите овие работи ќе ги оставите во посебна, безбедна просторија што ќе ви ја посочи Тест Администраторот, од каде повторно ќе ги подигнете по завршување на натпреварот. На натпреварот е забрането мамење, дошепнување, меѓусебно комуницирање или било какво нарушување на редот и мирот. Непочитувањето на било кое од овие правила води кон дисквалификација.
По натпреварот
Од друга страна, во интерес на непречено одвивање на натпреварот и избегнување на евентуална гужва, по завршување на натпреварот и подигање на личните работи, во најкус можен рок ве молиме да го напуштите тест центарот за да обезбедите простор за идентификација на следната група натпреварувачи.
Надзор
Регуларноста на Натпреварот се контролира:
- директно од страна на Тест Администратор, кој во случај на некоја од горенаведените недозволени активности има право да го дискфалификува натпреварувачот, и
- преку надзорен систем од видео камери чија снимка може да послужи како доказ за причината на евентуално дискфалификување на натпреварувачот.