
МАСИТ (Македонска Асоцијација за Информатичка Технологија), со поддршка на Проектот за техничка поддршка и развој на Германската Агенција GTZ - PSP, Проектот за конкурентност на Македонија (МCА), како и со поддршка на:
- Електро-Технички Факултет – Скопје,
- Машински Факултет – Скопје,
- Универзитет Југоисточна Европа – Тетово,
- Технички Факултет – Битола,
- Природно-Математички Факултет – Скопје,
- Економски Факултет – Скопје,
спроведе истражување со цел да се соберат статистички податоци за потребата од ИКТ кадри во Македонија во наредните неколку години.
Подолу се заклучоците од истражувањето направени врз база на резултатите од истражувањето кои воедно беа усогласени помеѓу спомнатите факултети и членови на Комитетот за едукација и развој на работна сила на МАСИТ.
Заклучоци од истражувањето “Macedonian IT Workforce Demand Survey 2005”
1. Побарувачката за ИТ кадар во Македонија е поголема од понудата на ИТ кадар.
2. Се зголемува потребата од едукација на ИТ програмери и ИТ професионалци за техничка поддршка.
3. Фирмите имаат потреба од вработување ИТ професионалци, кои освен ИТ вештини треба да поседуваат и т.н. business и soft skills.
4. Се зголемува потребата од поседување светски признати ИТ сертификати.
Препораки од МАСИТ
1. Побарувачката за ИТ кадар во Македонија е поголема од понудата на ИТ кадар. Затоа, МАСИТ силно ќе го поддржи зголемувањето на уписните квоти на постоечките ИТ факултети. Освен тоа што МАСИТ силно ќе го поддржува развојот на постоечките, ќе го поддржува и формирањето на нови ИТ образовни институции.
2. Како профил на ИТ кадри, се зголемува потребата од едукација на ИТ програмери и ИТ професионалци за техничка поддршка. МАСИТ ќе продолжи со активности за запознавање на јавноста со потребите на ИТ индустријата, а особено средношколците. Воедно, МАСИТ силно ќе ги поддржи и сите програми за ИТ преквалификација на невработени кадри.
3. Фирмите имаат потреба од вработување ИТ професионалци, кои освен ИТ вештини треба да поседуваат и т.н. business и soft skills. ИТ компаниите идентификуваат дека професионалците немаат доволно практична обука за време на студиите поради што мора да инвестираат во нивна дообука. Затоа, МАСИТ е спремен да учествува во потребните измени во наставните програми на постоечките образовни институции. МАСИТ ќе учествува и во соодветно прилагодување на програмите за практична настава на факултетитите на потребите на деловната ИТ заедница.
4. Се зголемува потребата од поседување светски признати ИТ сертификати, поради што МАСИТ силно ќе го поддржува воведувањето на што поголем број сертификациони програми во сите нивоа на едукација. МАСИТ ќе продолжи и со активностите за воведување на European Computer Driving License (ECDL) како неопходен сертификат за вработување во јавната администрација.
Документи за превземање:
1. Истражување: IT Workforce demand survey 2005 [pdf, 2,2 Mb]
2. Истражување: ИТ кадрите во Македонија: потреби и состојби [pdf, 388 Kb]