Често поставувани прашања

Доколку имате прашање а одговорот не можете да го најдете на оваа страница, Ве молиме контактирајте не' веднаш. Одговорот на Вашето прашање ќе биде објавен на оваа страница.


П. По пријавувањето не можам да го решавам тестот. Што е проблемот? Каде грешам?
О. Системот за пријавување е така конструиран што веднаш откако ќе ги ни испратите Вашите податоци, системот Ви испраќа e-mail кој содржи линк за верификација врз кој треба да кликнете. Само по кликнувањето врз тој линк можете да продолжите понатаму, односно ќе можете да го решавате on-line тестот.

П. Зошто на овој натпревар може да се пријавуваат само матуранти?
О. Затоа што матурантите се тие кои оваа учебна година одлучуваат каде ќе го продолжат своето школување. Целта на овој натпревар е да ја подигне свеста на младите за потребата од ИКТ кадри во земјава и да ги поттикне да градат професионална кариера во област на информатиката и комуникации.

П. Дали материјалот од учебниците за прва и втора година ќе биде доволен за да ги покрие сите теми освен програмирање?
О. Материјалот од тие учебници ќе покрие точно 50% од прашањата.

П. Каква ќе биде структурата на прашањата?
О. Вкупниот број прашања е 50. Oд кои 25 се од област покриена со наставната програма (Windows, Word, Excel, Internet). Останатите 25 прашања се од областите хардвер, интернет, програмирање, веб дизајн и графика, од секоја по 5 прашања.

П. Колку трае тестот? <ново>
О. Оn-line тестот е временски ограничен на 80 минути. Исто толку трае и тестот во второто коло.

П. Што ако и по второто коло има натпреварувачи со ист број бодови? <ново>
О. Доколку повеќе натпреварувачи по завршувањето на втората етапа од натпреварот имаат ист број бодови а се во конкуренција за освојување награда, тогаш ќе се организира и трето тестирање каде што победник ќе биде тој кој ќе има најголем број точно одговорени прашања во најкус можен рок.

П. Во нашето училиште не учевме програмирање. Сепак, ме интересираат компјутерите. Дали има смисла да се пријавувам на натпреварот?
О. Прашања од област програмирање ќе има вкупно 5 од кое дел се тестирање на логика. И без да поседуваш програмерско знаење, ако другите области ти се бармалку познати, имаш добри шанси за успех. Значи, пријави се уште веднаш!

П. Дали програмерската логика ќе се проверува на логички тест?
О. Да, ќе постојат и логички тестови, што значи дека некој и не мора да знае програмирање за да го реши...

П. Кој ги подмирува патните трошоци?
О. Секој ученик сам ги подмирува трошоците до Александрија и Семос Едукација и назад.

П. Зошто натпреварот е на англиски јазик?
О. Поради две причини: прво затоа што немаме можност да правиме двојазични тестови, а второ затоа што оној што сака да биде вистински ИТ професионалец неопходно е да го владее добро англискиот јазик.

П. Од кои книги да се подготвувам за натпреварот?
О. За почеток е доволно да се користат учебниците по информатика. Со нив се покриени барем 50% од прашањата. Другите прашања се од општа информатичка култура од областите хардвер, интернет, програмирање, веб дизајн и графика. Ако си еден/една од оние кои компјутерот им е омилена играчка, “киснеш” по играчници и интернет, следиш информатички емисии и часописи, посебна подготовка нема да ти биде воопшто потребна.

П. Дали се добива некаков документ за учество?
О. Да. Секој натпреварувач добива сертификат за учество на натпреварот.

П. Каде и кога се доделуваат наградите?
О. Прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите ќе се изведе во петок, 18 април 2008 во рамки на настанот Образовно рандеву во просториите на МНТ (Македонски Народен Театар), во организација на МАССУМ и USAID SEA.

П. Дали има ограничување за бројот на пријавени ученици по училиште?
О. Не.